Поранешен тренер на Вардар и Металург се враќа на „жешката клупа“

Некогашниот тренер на Вардар, Металург, Пелистер, Младост Богданци, Кометал ЃП и поранешен селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, Јосиф Петковиќ, повторно се враќа на тренерската работа.

Tој е нов тренер на Железничар од Ниш, со кој ќе игра во Суперлигата на Србија. Иако тимот од Ниш имаше финансиски проблеми, сепак доби лиценца, а спортскиот директор Иван Шмигиќ (поранешен играч на Вардар и Металург) веднаш се фати за работа и го ангаираше Пековиќ.

Прво засилување за овој состав би требало да биде искусниот Жарко Петковиќ, син на Јосиф, кој своевремено во ерата на неговиот татко, играше и во Вардар.