Поранешен тренер во Вардар и Металург ќе го предводи Металург јуниор

Новиот прволигаш Металург Јуниор в среда ќе ги започне подготовките за новата сезона, а човекот што ќе го предводи овој тим ќе биде Благојче Весиќ. Тој минатата сезона беше на чело на составот на Работнички, но сега е промовиран во шеф на стручниот штаб на Металург Јуниор.

Весиќ, иако релативно млад тренер има големо искуство. Освен во Работнички, беше тренер во Металург и во ЖРК Вардар, а своевремено беше предводник и на женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификации за СП.

Зад Металург Јуниор стои познатиот ракометен работник Ристо Чокрев, а тимот е веќе регистриран и ќе настапува во Првата Лига. Натпреварите ќе ги игра во спортската сала „Расадник“, а првиот собир на новиот прволигаш ќе се одржи в среда, кога ќе бидат познати имињата на играчите.