Поранешен стратег на Вардар и се враќа на старата љубов

Како што објавуваат и шпекулираат португалските медиуми, селекторот на женската репрезентација на Србија и поранешен тренер на Вардар, Љубомир Обрадовиќ би можел од следната сезона одново да се врати во Португалија.

Тој имаше одлична престава во Португалија, бидејќи токму во Белененсес ја започна тренерската кариера, за понатаму да смени неколку српски тимови и во сезоната 2000-2001 да дојде во најтрофејниот македонски тим.

Во Вардар освои две титули, па паузираше шест години и одново се врати во Португалија каде имаше голем успех, пред се со Порто. Селектор е на Србинките од 2017 година, а португалските фанови на ракометот со задоволство би сакале да го видат одново во нивната лига.