Поранешен ракометар на Вардар и Металург ќе игра во Втората Бундес лига

Поранешниот словенечки репрезентативец и ракометар на Вардар и Металург, Миладин Козлина, е нов ракометар на тимот Рајн Викингс, кој се бори за опстанок во Втората Бундес лига. Тој ќе биде во составот веќе за утрешниот дуелот против Хам Вестфален.

Козлина три сезони беше член на Минден, а претходно две сезони играше во Металург, пред да заигра една сезона во Вардар во времето на Веселин Вујовиќ. Со оглед на тоа што Рајн  Викингс е на 16 место во Втората Бундес лига, на Козлина и на неговиот тим им претстои долга битка за опстанок.