Поранешен македонски селектор е нов тренер на Струга

Поранешниот селектор на младинската и сениорската репрезентација на Македонија, Илија Темелковски е нов предводник на тимот на Струга.

Во минатата сезона стружани беа предводени од Андон Бошковски и Славчо Каланоски и лесно обезбедија опстанок во плеј-аутот од Супер лигата.

Заминаа најдобрите стрелци Ненад Костески и Гиорги Дикаминџија, спор води Лексо Цителишвили, но тимот има добра основа и наскоро ќе биде надополнет со нови играчи.

Темелковски долги години го водеше составот на Пролет, пред да замине во Битола како тренер на Еурофарм Работник, но таа авантура кратко траеше, а сега одново се враќа на сцената.