Поранешен голман на Пелистер и Еурофарм Работник потпиша за амбициозниот АЕК

Српскиот интернационалец Игор Арсиќ потпиша едногодишен договор со грчкиот АЕК. Тој во АЕК доаѓа од конкурентот во грчкото првенство Олимпијакос.

Во кариерата Арсиќ има настапувано во два наврати за клубови во Македонија. Прв пат во нашето првенство заигра во екипата на Пелистер во 2015 година. Потоа повторно се врати во Битола но на голот на Еурофарм Работник. И во дваата наврати имаше краток претстој во клубовите.

Игор Арсиќ е искусен 30-годишен голман и во кариерата има променето повеќе клубови. Освен Пелистер и Еурофарм Работник тој има настапувано и за Раднички Крагујевац со кој има забележано настапи во СЕХА лигата. Во грчкото првенство АЕК ќе му биде трет клуб претхнодно има играно за Диомидис Аргус и Олимпијакос.