Поранешен вардарец „удри“ по својата Барса!

Тимот на ПИК Сегед направи големо изненадување на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите и успеа да го совлада каталонскиот гигант Барселона со 31-28.

По првиот дел домашниот тим имаше водство од 18-11, а во вториот дел и плус десет, но Барса започна со камбек.

Сепак во клучните моменти се појави поранешниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, кои ги постигна последните два гола за унгарскиот претставник.

Шпанецот со седум голови беше клучната фигура во ПИК Сегед за големата победа над Барса, тимот во кој ја започна професионалната кариера.