Пораката јасна! Гонзалес и Душебаев: Одиме натпревар по натпревар

По првиот тренинг и почетокот на подготовките на „црвено-црните“, еден од најмладите и перспективни ракометари на Вардар, десниот бек Алекс Душебаев и тренерот на „вардарци“ Раул Гонзалес Гутиерес со свои видувања за претстојната сезона.

Раул Гонзалес, тренер, РК Вардар Скопје:

Приоритет ќе ни биде наредниот натпревар, секогаш наредниот натпревар, бидејќи финалето на сезоната е далеку и затоа треба да се фокусираме на првиот натпревар, па потоа на секој нареден. Сметам дека имаме многу добар тим, не планираме да ја жртвуваме ниту СЕХА лигата ниту било кое првенство, ќе ги одиграме сите натпревари, ќе играме добро, ќе играме квалитетен ракомет и очекувам дека сите ќе уживаат. Во Лигата на шампиони имаме многу јака група, но тоа е позитивно за ракометната публика која ќе дојде да гледа многу добри екипи, многу добар ракомет. Ќе биде одлично за сите, бидејќи доколку се смени групата можеби нема да има толку публика, сепак сметам дека луѓето доаѓаат на натпревар да гледаат добар ракомет. За фајнл фор е сеуште рано, минатата сезона на минута пред крај на мечот со Фленсбург сите мислеа дека Вардар е во Фајнл Фор-от, а 10 минути претходно пак, никој не веруваше дека Вардар може да игра во Келн, затоа одиме натпревар по натпревар.

Алекс Душебаев, десен бек, РК Вардар Скопје:

Имаме многу големи амбиции за оваа сезона. Имаме добра екипа, ќе видиме, мислам дека треба да се подготвиме добро па ќе гледаме понатаму натпревар за натпревар. Имаме добри шанси во сите натпреварувања за титулата. Во Лигата на шампиони би сакале да играме најдобро што знаеме, понатаму ќе видиме доколку одиме на фајн фор би било одлично, но за тоа ќе видиме понатаму.