Пораз на Србија од Романија во квалификациите за СП во Данска

Селекцијата на Србија пред своите навивачи во Краљево беше убедливо поразена од Романија со 26:32 (13:17) за ракометарките на Романија. Србија на овој натпревар имаше и слаби и јаки страни, но пресуди искуството на гостинскиот состав. Селекцијата на Србија против Романија  настапи без Андреа Лекиќ, Сања Дамњановиќ, Катарина Томашевиќ и Драгана Цвијиќ поради несогласувања со селекторот Саша Бошковиќ. За време на натпреварот сериозна повреда заработи голманката Паула Унгуреану.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од Будуќност, Кристина Неагу која постигна 11 погодоци. Во составот на Србија со по пет погодоци се истакнаа Дијана Радојевиќ и Јелена Живковиќ.

Реванш средбата се игра во Клуж на 13.06.2015 со почеток од 17 часот.

Резултати за СП – Данска 2015

Холандија  – Чешка 33:23  (15:16)

Украина – Полска  18:24 (8:14)

Австрија – Унгарија 20:33 (11:19)

Натпревари за денес

Франција – Словенија

Германија – Русија

Црна Гора – Исланд

Шпанија – Словачка

Хрватска – Шведска