Пораз на Србија за крај на ЕП: Словачка приреди ново изненадување!

Репрезентацијата на Србија го забележа и својот трет пораз на Европското ракометно првенство. Овој пат подобра од Србија беше селекцијата на Словачка која заслужено се пласира во следната фаза. Ни одличната игра во првото полувреме на Србија не беше доволна за триумф.
На Србија во овој дуел и одговараше само победа поради полошата гол разлика во споредба со Словачка.

ГРУПА Д ( Хрватска, Осијек)

Србија – Словачка 21:23 ( 11:6)

Србија го започна натпреварот со одлична игра на Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ, кои за само две минути постигнаа три погодоци. Катарина Томашевиќ беше одлична на голот, а одбраната целосно ги запре бековите од Словачка. Од минута во минута водството на Србија се зголемуваше за највисоки 11:6 на полувреме.

По паузата видовме две различни екипи на теренот, Србинките не потсетија на натпреварот против Франција, а Словачка покажа зошто противниците во последните две кола не доминираа на натпреварите. Најава за неизвесен натпревар дојде само две минути по почеток на натпреварот, Трехубова ја започна, а Јакубишова ја заврши серијата од 4-0, за 13-11 во 36-та минута. Цвијиќ и Стоиљковиќ ја прекинаа за момент разиграната Словачка, но повторно следеше серија која ја заврши Сукеникова и го донесе првото водство од 16-17 во 47-та минута. Банделиер и Цвијиќ врзаа два погодока за превземање на контролата врз натпреварот. Предноста од еден гол Србинките ја задржаа до 58-та минута кога Кертезова го израмни резултатот, а невниманието на српскиот напад го искористија Бенушова и Сукеникова за да го зголемат водството на конечни и недостижни 21-23.

Најефикасна во селекцијата на Србија беше Драгана Цвијиќ со шест погодоци, а во селекцијата на Словачка се истакна Јакубисова со осум погодоци.