Пораз на еден од ривалите на ЕП: Црногорците немоќни во финишот против Чешка

Селекцијата на Црна Гора која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во Хрватска денеска загуби од Чешка во контролен натпревар во Подгорица со 26:28. Ракометарите кои се предводени од страна на селекторот Драган Ѓукиќ кој пред десетина години беше на клупата на Македонија, но и го предводеше Вардар во финишот на средбата не успеаја да издржат и мораа да се помират со пораз.

После 50 минути игра и неизвесност во последните десет минути имаше возбудувања. Чешка го искористи играњето со ракометар повеќе и со голови од контри дојде до 26:23 така што до крајот само се чуваше предноста и беше обезбеден триумф од 28:26.

Најефикасни во Црна Гора беа повратникот во националниот тим Стеван Вујовиќ и Марко Ласица. Двајцата реализираа по шест гола. Ракометарот на Металург, Божо Анѓелиќ погоди трипати исто колку и  Стефан Чавор и Владан Липовина.

На оваа средба немаше тројца повредени играчи во бековската линија. Покрај Вуко Борозан спречени за настап беа и Васко Шеваљевиќ и Златко Пејовиќ.

Фото: vijesti.me