Пораз на Баја Маре и РК Крим

Во рамките од третото коло на Лигата на шампионките повторно беа поразени клубовите на ракометарките од Македонија, Елена Ѓоргиевска и Мирјета Бајрамоска.

Баја Маре на домашен терен доживеа пораз од Ростов Дон. Русинките ја остварија третата победа во низа и веќе обезбедија пласман во следниот круг. Избраничките на Јан Јесли триумфираа со 22:20 (13:10). Најефикасни во победничкиот тим беа Екатерина Илина, Јулија Манагарова и Ана Сен со пет погодоци. Во составот на Баја Маре најефикасна беше Луис Абинг со шест погодоци. Нашата репрезентативка Елена Ѓоргиевска не успеа да се запише во листата на стрелци.

Крим го доживеа својот втор пораз на домашен терен. Норвешки Ларвик беше убедлив против составот на Марта Бон со високи 37:21 (21:10). Во одлично светло се покажаа младите ракометарки на Крим кои немаа поддршка од своите поискусни колешки. Младите Елизабет Омореги и Ана Абина во листата на стрелци се запишаа три пати, додека во Крим најефикасна беше Полона Бариќ со пет погодоци. Во Ларвик Аманда Куртовиќ беше прв стрелец со осум погодоци.