Пораз за Миркуловски и Вецлар

Екипата на Вецлар за која настапува нашиот репрезентативец, Филип Миркуловски беше поразена од Фуксе Берлин во битката за петтото место во германската Бундес лига (23-20).

Домаќините со три погoдоци во серија го отворија натпреварот и истата предност успеаја да ја одржат до крајот на првиот дел (12-9). Во второто полувреме тимот на Миркуловски успеа да дојде до гол негатива по девет минути игра (14-13) но тоа беше најмногу што можеше да направи. Ракометарите на Фуксе Берлин ја презедоа иницијативата и триумфираа со (23-20).

Најефикасен во победничкиот тим беше Драго Вуковиќ со шест погодоци, а кај Вецлар Максимилијан Холст постигна пет. Нашиот интернационалец остана без погодок на овој натпревар.

Ова беше важен меч за двата тима во борбата за место на табелата кое носи пласман на некој од европските купови следната сезона.