Пораз за крај на СЕХА сезоната: Мешков Брест ги расчисти сите дилеми, Металург е седмопласиран!

Во последниот дуел од СЕХА лигата за оваа сезона, македонскиот првак Металург пред своите навивачи го претрпе дванаесетиот пораз оваа сезона во регионалното натпреварување второ од белорускиот шампион Мешков Брест.
000_1968-2
РК МЕТАЛУРГ 17-26 РК БРЕСТ МЕШКОВ (9-12)
Ракометарите на Металург уште на самиот почеток ја наметнаа својата игра и благодарение на брзата транзиција и грешките во нападот на противникот го контролираа резултатот и играта. Но во средина на првото полувреме, Мешков ја зацврсти својата одбрана, а неколку промашени обиди на „сино-белите“ гостите ги претворија во голови кои по низата
од 6 голови го насочија резултатот на семафорот во своја корист. Во 21-та минута Манојловиќ ги постави највисоките 4-8 за Белорусите. Металурзите се приближија на само два погодока заостаток, со двата гола на капитенот Ојлевски, но до звукот на сирената Вуќиќ ги постави конечните 9-12.
000_2025-2
Почетните минути од второто полувреме му припаднаа на белорускиот првак, Вуќиќ ја продолжи својата серија од три погодоци во низа, а Шиловиќ ја заврши за највисоките шест голови предност 9-15. Маџовски за момент ја прекина серијата, но мотивираните ракомтари на Брест продолжија со прецизните удари. По четири неодговорени погодоци Мешков ја создаде највисоката предност од осум голови, 10-18.
До крај на натпреварот во рутинирана завршница, белорусите го завршија натпреварот со победа од 17-26 за потврда на третата позиција. Македонскиот шампион сезоната ја заврши на седмото место.
Најпрецизни во екипата на Металург беа Голубовиќ и Ојлевски со четири, колку што постигнаа Вуќиќ и Манојловиќ за белорускиот шампион.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата