Пораз за крај на евро авантурата: Елверум подобар од Металург

Во последниот европски натпревар за оваа сезона во Б-дивизијата на Лигата на шампионите екипата на Металург со пораз заминува од Норвешка откако загуби од норвешкиот шампион Елверум со 29-23(15-7).

Уште на самиот старт Норвежаните создадоа предност од 2-0 која до 18-та минута ја дуплираа за 7-3. Металург се одржуваше на пристојна негатива до 25-та минута, кога со серија од 6-1 Елверум предводен од одличниот Линдбое ги постави конечните 15-7 по првите триесет минути игра.

Вториот дел помина во изедначена игра во која повторно иницијативата и резултатската контрола ја имаа домаќините, кои по 45 минути имаа двоцифрена предност од 24-14. Последните 10 минути Металург ги искористи да го намали поразот. До 58та минута го преполовија високото водство, а точка на овој дуел стави Нордберг за конечни 29-23.

Најпрецизен на натпреварот беше Линдбое со осум голови, додека Стегавик и Митровиќ постигнаа по седум. Кај Металург Божовиќ постигна пет, а Матиќ и Крстевски по четири за крај на евро сезоната.

По 10 одиграни кола Металург заврши на последното место во група Д со четири бодови, додека Елверум е претпоследен со седум бодови. Двете екипи го завршија натпреварувањето во Лигата на шампионите во оваа сезона.