Пораз за крај во Плоцк: Македонија немоќна на мечот против Чешка

Кадетската репрезентација на Македонија заврши на последното место на турнирот во Плоцк откако денеска загуби од Чешка со 28:36. Последниот меч не беше на највисоко ниво откако противникот успеа да создаде убава предност после првото полувреме од четири гола, 15:19.

Овој пат второто полувреме не беше на нивото од претходните средби, па Македонија не успеа да се врати. Чешка го доби и вториот дел и се избори за триумф од 28:36 така што на крајот Македонија заврши на последната позиција на турнирот.

И денеска прв стрелец беше Мартин Серафимов со девет гола, а меѓу стрелците се запишаа и: Симоновски (4), Карапалевски (4), Џигеровски (3), Наков (2), Митиќ (2), Меловски (1), Божиновски (1) и Каковски (1).

Првото место на турнирот им припадна на домаќините. Полска денеска ја совлада Белорусија со 30:26, па на тој начин Полска е прва, Чешка втора, а Белорусите се трети на ова натпреварување.