Пораз за искуство и надеж… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Проблем со големиот број на ракометари со кои располага унгарскиот првак се покажа како најслабата алка за Веспрем, до сега во новата сезона. Квалитетот мора да биде поткрепен со тренерската визија која недостасуваше во последните два дуели кои актуелниот СЕХА шампион ги одигра во Скопје.

Младиот состав на Металург уште еднаш покажа дека ќе биде жежок костен за фаворитите во регионалното натпреварување. Победата на унгарските ракометари ќе остане во сенка на лошата игра која ја прикажаа моќните финалисти од минатогодишното финале во Лигата на шампионите, а резултатот 20-23 значеше задоволство на двете клупи. Веспрем заработи три поени, а Металург покажа дека може да се носи и со најсилните екипи во Европа.

Пораз за искуство и надеж. Пораз кој мотивира и инспирира, за конечно Металург да го започне искачувањето кон позицијата која ја имаше пред три години.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”68″]