Пораз број 4 за Нант: Кире со три гола на загубениот меч од Иври

Екипата на Кире Лазаров, Нант го претрпе четвртиот пораз во 8. коло од најсилната лига во Франција со што станува јасно дека работите не одат во посакуваниот правец. Во меч во кој Нант беше во предност во поголемиот дел од средбата, домашните, сепак, на крајот успеаја да се снајдат подобро и да победат со 30:29.

После првото полувреме Нант водеше со 16:15, но овој резултат во второто полувреме се смени откако домашните влегоа многу помотивирано. Нант не успеа да издржи во завршницата, па остана без бодови и после некомплетното 8. коло има четири победи и четири порази и се наоѓа на 6. позиција.

Лазаров средбата ја заврши со три погодоци, а еден од нив беше од линијата од седум метри.