Попуштија нервите кај Пик Сегед: Бомбач го нападна Мораеш и предизвика инцидент (ВИДЕО)

Средбата меѓу Пик Сегед и Вардар цели 59 минути имаше максимално спортски тек и атмосфера во која можеше секој да добие пофалба, а потоа откако домашните веќе не можеа да сторат ништо и паднаа под налетот на Вардар попуштија и со нервите, па одлучија да се пресметаат со вардарци.

Бомбач беше најжесток во нападите и од него почна целата ситуација. Откако Мораеш направи прекршок за две минути поради што и оправдано беше исклучен следуваше удар од Бомбач од зад грб за Мораеш додека го напушташе теренот по што се вмешаа сите играчи.

Нервоза имаше и кај тренерот на домашните Хуан Карлос Пастор кој се обиде да расчистува вербално некои сметки со Парондо, па тие останаа само на расправија. Имаше мешаница која траеше неколку минути, а можете да погледнете во видеото во продолжение што се случуваше.