Поместувања кај стрелците: Освен Ристовска другите доживеаја турбуленции

И после 5. коло во Женската лига нема поместувања во однос на лидерската позиција каде што Сара Ристовска е недопирлива, но затоа има посместувања на другите места.

Напредок имаше Драгица Митрова која скокна од 4. на 2. позиција, а три места скокна Марија Гајиќ така што успеа да се доближи во битката за подобро место на Листата на стрелците. Сепак, има уште четири кола од првите дел од сезоната така што ќе има уште можност за поправање на пласманот.