Полјаците им го „украдоа“ трофејот на одличниот Манасков и Веспрем

Двата полски тима, Киелце и Висла Плоцк го украдоа шоуто изминатиот викенд на турнирот во Веспрем, каде се очекуваше домаќинот на својот 40.роденден да го освои трофејот и да прослави заедно со своите навивачи.

Но Веспрем најпрво загуби од Висла Плоцк на пенали со 41:42 во полуфиналето, а потоа со победата над Целје со 29:27 го освои третото место. На првиот дуел Манасков даде 4 голови, додека во малото финале беше стрелец на 6.

Киелце во полуфиналето беше подобар од Целје со 33:30, а потоа во финалниот дуел, што беше практично полски двобој, тимот на Талант Душебаев ја победи Висла Плоцк која играше без Немања Обрадовиќ со 33:28.