Полска ја совлада Шведска во осминафиналето

ОСМИНАФИНАЛЕ

ПОЛСКА-ШВЕДСКА 24-20 (10-11)

Натпреварот го отвори Карлсон, а на спротивната страна со гол од деснокрилната позиција врати Дашек за 1-1 по пет минути игра. Се беше подредено на тактиката, двете репрезентации играа цврсто во одбраната, а до 13 минута Швеѓаните успеваа да го одржуваат минималното водство, 3-4. Полскиот селектор Биглер направи одличен потег кога во игра го стави искусниот лев бек Карол Биелецки. Ветеранот возврати со три гола по ред и беше инспиратор на 5-1 серија за Полска, која со својот прв гол на натпреварот ја затвори Бартош Јурецки за 8-5, во 25 минута. Голем удел во серијата на Полјаците имаше и одличниот Шмал на голот (9 одбрани во првиот дел.) Последните пет минути од првото полувреме во целост им припаднаа на скандинавците кои успеаа комплетно да се вратат во натпреварот. Цврстата игра во одбраната им овозможи на Швеѓаните да ја наметнат својата препознатлива игра кога најчесто преку брзи контри ја казнуваа секоја грешка на противникот. Скандинавците возвратија со 6-1 серија која ја отвори Олсон а ја затвори Нилсон за водство од +2, 9-11 во 29 минута. Првото полувреме со својот втор гол го затвори Бартош Јурецки за конечни 10-11 во корист на Шведска по триесет минути игра.

Pol sve

Второто полувреме со својот трет гол го отвори Калман за водство на Шведска од 10-12. Предноста помеѓу еден и два гола позитива швеѓаните успеваа да ја одржат во почетните десетина минути, пред повторно на сцена да стапи Биелецки кој ја размрда полската репрезентација и со својот четврти гол ја врати во водство од 15-14. Вишњевски зголеми на +2, 17-15, а највисоките три голови позитива за полјаците а воедно и пласманот во четвртфиналето ги обезбеди Михаел Јурецки на три минути до крајот, 21-18. До крајот Полска рутински ја зачува оваа разлика, а во последните секунди по една украдена топка точка на натпреварот стави Јуркевич за 24-20 и пласман на Полска во четвртфиналето.

Михаел Јурецки беше најпрецизен во Полската репрезентација постигнувајки 5 погодоци. Кај Швеѓањите Калман беше стрелец на 4 гола.

Во четвртфиналето Полска за противник ќе ја има репрезентацијата на Хрватска.