Полска се испречи пред „Зборнаја“: Прв, но болен пораз за Русија

Во крајно неизвесен дуел репрезентацијата на Полска направи вистинска сензација и успеа да дојде до победа во четврт-финалниот дуел против некогашниот светски првак – Русија.

Полска – Русија 21-20 (11-19)

Репрезентацијата на Полска отвори атрактивно со погодокот од цепелин на Кудлач, додека нејзината колешка Коблинска успешно го пронајде патот до мрежата на Ана Седојкина во 3 наврати со што Полска успеа да се стекне со резултатска предност од 2 погодоци (15-13) во првите 15 минути од првиот дел. Четирите успешни интревенции на Седојкина беа надополнети со погодокот на Вјахирева од линијата на 7 метри за израмнување на (6-6) во 19тата минута од дуелот.

Двете исклучувања од 2 минути во таборот на руската репрезентација во последните неколку минути од првиот дел ја одведоа Полска уште еднаш на три погодоци позитива (10-7), а до крајот русинките успеаа да намалат со погодокот на Кузнецова за (11-9).

tata rus

Со двата погодоци за само две минути во вториот дел на Кузнецова, Русија брзо изедначи (11-11) и го врати натпреварот во егал. Сепак следниот напад заврши лошо за Кузнецова која заработи повреда на коленото и го пропушти остатокот на натпреварот. Во продолжението, репрезентацијата на Полска направи серија од 3 погодоци, на што Русија возврати со 5 од кои Акопјан постигна два и стигна до првото водство во 43тата минута (17-15).

Крајно неизвесни беа и последните 10 минути на натпреварот во кој двете репрезентации влегоа изедначено. Неизвесноста траеше до последната минута кога Коблинска успешно погоди во противничката мрежа а Гавлик забележа две успешни одбрани со што го одлучи победникот на натпреварот и стави крај на 100 % руска серија на шампионатот.

Во полуфиналето кое е на програмата во петок, Полска ќе се игра против репрезентацијата на Холандија.