Полска на уште едно големо случување, Германија повторно паузира

По одличниот натпревар на германската репрезентација во Полска, денес по двојната програма која ја понуди германската ракометна федерација, Магденбург требаше да биде славенички град.
Се започна со дуелот на Германија и Македонија за европското првенство за жени во Унгарија и Хрватска, кој очекувано го доби домаќинот. Сите услови за големо славје беа исполнети, одлична атмосфера, публика желна за успеси и пласман на женската ракометна репрезентација на европско првенство.
Дури и германските ракометари ја почувствуваа славеничката атмносфера која по првите 30 минути веќе им даде голема надеж за успешен бараж по две години пост. Германија на пауза замина со четири голови предност,14-10, три повеќе во вкупниот меѓусебен дуел.
image Но тоа не беше доволно за комплетен успех на германците. Полскиот состав заигра поангажирано и концентрирано во продолжение на натпреварот додека домаќините се обидува со брза игра и кратки напади да ги изненадат гостите. Меѓутоа, во бркотницата поуспешни беа полјаците, кои во последниот период од овој двомеч, имаа негатива од само еден гол разлика, но со повеќе голови постигнати во гости беа пред пласман на светското првенство. Притисокот на германската репрезентација и огромната желба за враќање во ракометната елита, беа главни виновници за брзоплетите напади кои најчесто завршуваа во младиот полски голман. Од друга страна искуството на носителите на играта во полската репрезентација и одличната тактика во последната минута, кога резултатот беше нерешен, ја доведоа Полска до водство и победа на овој натпревар со 28-29 и вкупна победа во овој бараж дуел.
Во поновата историја, Полска е постојан дел од најквалитетните собири од 2006, со едно учество на Олимписките игри во 2008. За Германија пак, ова ќе биде прва пауза од Светско првенство по 1997 година.