ПОЛЕСНА ЗАДАЧА ЗА МАКЕДОНИЈА: СРБИЈА БЕЗ МОМИР ИЛИЌ НА ЕП ВО ПОЛСКА!?

Како што известувааат српските медиуми, репрезентацијата на Србија на престојното ЕП во Полска во јануари нема да смета на услугите на капитенот Момир Илиќ. Ракометарот на Веспрем и најдобар стрелец во ЛШ донел одлука да се прости од националнот дрес и да го отстапи местото на своите помлади колеги. Исто така се напоменува дека Момир Илиќ ја донел оваа одлука уште пред два месеца односно во периодот кога Србија ги играше натпреварите против Израел и Црна Гора, но тогаш соиграчите и стручниот штаб успеале да го убедат да ја промени својата одлука.

Ова секако е добра вест за нашиот национален тим кој се наоѓа во иста група со репрезентацијата на Србија која претставува директен ривал за пласман на наредната фаза.