Познат составот на кадетите: Брестовац одбра 18 ракометари за Бугојно

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот на ракометари кои ќе играат на претстојниот турнир „Ракометот е моја иднина“ во босанскиот град Бугојно. Турнирот ќе се одржи од 18 до 21 април.

Иако требаше да настапат и Данска и Исланд, сепак турнирот и оваа година ќе биде со осум репрезентации за ракометари од генерацијата 2000/01 година. Македонија ќе биде во тешката група А и ќе игра против Германија, Швајцарија и Србија. Првите две селекции од групата ќе играат во полуфиналето, додека другите две ќе разигруваат за пласман.

Распоред:

Група А – Македонија, Германија, Србија, Швајцарија
Група Б – Словенија, Босна и Херцеговина, Катар и Полска

18 април
Германија – Македонија, 11:15 часот
Србија – Македонија, 19:00 часот

19 април
Швајцарија – Македонија, 13:00 часот

20 и 21 април натпревари за пласман

Настапот на овој турнир е дел од подготовките за Светското првенство во кадетска конкуренција што ќе се одржи во Скопје од 5 до 18 август оваа година.