Познат распоредот во ЛШ: Одбраната на титулата вардарци ќе ја почнат во Полска, прв во Скопје доаѓа Лазаров

Европската ракометна федерација го објави распоредот на натпреварите во Лигата на шампионите за следната сезона. Шампионот Вардар, одбраната на титулата ќе ја започне со гостувањето во Полска, кај незгодниот тим на Висла Плоцк.

Прв тим што ќе гостува во Скопје ќе биде тимот на Нант, каде што од сезонава ќе игра капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров. Има направено неколку претумбации, па дел од дуелите нема да се играат по редоследот по кој требаше. Двата натпревари против Загреб ќе се играат во првите 7 кола, додека двата со Рајн Некар ќе бидат во втората половина.

Распоред на натпревари, Лига на шампиони, група А:

Висла Плоцк – Вардар, 13-17.09.2017,
Вардар – Нант, 20-24.09.2017,
Вардар – Загреб, 27.09-01.10.2017,
ПИК Сегед – Вардар, 04-08.10.2017,
Вардар – Барселона, 11-15.10.2017
Кристијанштад – Вардар, 01-05.11.2017
Загреб – Вардар, 08-12.11.2017
Вардар – Рајн Некар, 15-19.11.2017
Рајн Некар – Вардар, 22-26.11.2017
Вардар – Кристијанштад, 29.11-03.12.2017
Барселона – Вардар, 07-11.02.2018
Вардар – ПИК Сегед, 14-18.02.2018
Нант – Вардар, 21-25.02.2018
Вардар – Висла Плоцк, 28.02 -04.03.2018