Познат Ол стар тимот на Мундијалот во Алжир

Во пресрет на мечот за златниот медал меѓу Данска и Шпанија, Интернационалната ракометна федерација ИХФ, го одреди ол стар тимот на Светското првенство кое 12 денови се одржуваше во Алжир.

Македонија шампионатот го заврши на шестото место, но нема претставник во идеалниот тим. Сите ракометари доаѓаат од големата четворка, освен Матијас Ѓери од Унгарија. За МВП е прогласен данскиот репрезентативец Ласе Мелер.

Ол стар тим на СП Алжир:

Лев бек: Ласе Мелер – Данска
Среден бек: Матијас Ѓери – Унгарија
Десен бек: Дика Мем – Франција
Лево крило: Лукас Мертенс – Германија
Десно крило: Алекс Гомез – Шпанија
Пикер: Магнус Саугструп – Данска
Голман: Хуан Ледо – Шпанија
МВП:  Ласе Мелер – Данска