Познат „возниот ред“ за Е. Работник

Ракометарите на Е. Работник на 18 ноември ќе го имаат европското деби во Челинџ Купот. По историската сезона лани и пласманот во финалето на Купот на Македонија, битолскиот тим доби право да ја претставува нашата држава на европска сцена.

Противникот не е звучно име, но сигурно не ниту наивен ривал и не смее да се потцени. Се работи за литванскиот тим Гранитас Каунас, кој нема пораз во домашниот шампионат. Првиот натпревар ќе се игра во Битола на 18 ноември со почеток во 19 часот.

Судии ќе бидат Пирву и Потирниче од Романија, додека делегат ќе биде Турчинот Сиврикаја. Реваншот е за седум дена, на 25 ноември, во Каунас со почеток во 16 часот, а ќе го судат браќата Агакиши од Азербејџан, додека делегат ќе биде Којокару од Романија.