Познат „возниот ред“ за евро-квалификациите: Сениорките прво на гости со Шведска, дуел кај Чешка за крај

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство, што кон крајот на следната година ќе се одржи во Норвешка и Данска. Избраничките на Симе Симовски ќе играат против селекциите на Португалија, Чешка и стариот познаник од квалификациите Шведска.

Првите две репрезентации од сите седум групи обезбедуваат место на континенталниот собир. Квалификациите ќе стартуваат на 25 или 26 септември годинава, а финишираат на 31 мај следната година. Оттаму селекторот Симовски ќе има доволно време за да ги подготви девојките за следните предизвици, а веќе е познат „возниот ред“ за натпреварите.

Распоред на натпревари:

1.КОЛО, Шведска – Македонија, 25/26 септември 2019
2.КОЛО, Македонија – Чешка, 28/29 септември 2019
3.КОЛО, Португалија – Македонија, 25/26 март 2020
4.КОЛО, Македонија – Португалија, 27/28 март 2020
5.КОЛО, Македонија – Шведска, 27/28 мај 2020
6.КОЛО, Чешка – Македонија 31 мај 2020