Познато е кога Кире Лазаров ќе се врати во Барселона

Клубовите што се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, заедно со Европската ракометна федерација и телевизиите кои ќе ги пренесуваат натпреварите, ги одредија сите термини на одигрување.

Веќе е познато дека Вардар ќе го пречека ПИК Сегед на 25 април, а реваншот ќе се игра на 5 мај, додека интересен двомеч не чека и меѓу Барселона и Нант. Ништо помалку интересно нема да бидат ни двомечите меѓу Келце и ПСЖ, како и меѓу Веспрем и Фленсбург.

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров ќе се врати во Барселона, првпат по трансферот во Нант на 4 мај.

Распоред на први натпревари:

24/04, 19:00 часот, Фленсбург – Веспрем
24/04, 20:45 часот, Нант – Барселона
25/04, 20:00 часот, Вардар – ПИК Сегед
27/04, 18:00 часот, Келце – ПСЖ

Распоред на реванш натпревари:

04/05, 17:30 часот, Веспрем-Фленсбург
04/05, 19:30 часот, Барселона – Нант
05/05, 17:00 часот, ПСЖ – Келце
05/05, 19:00 часот, ПИК Сегед – Вардар