ПОЗНАТО Е КОГА ВАРДАР ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕ ОДБРАНАТА НА ТИТУЛАТА

Ракометарите на Вардар ја освоија втората титула во третиот настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако во финалниот двобој го победија унгарскиот првак Веспрем.

Одбраната на титулата вардарци ќе ја започнат на 14 или 15 септември, за кога е најавено првото коло од новата сезона, која ќе биде последна што ќе се игра во ваков формат и ќе биде многу важно да се направи успех.

На 1 март ќе треба да се комплетира групната фаза, односно 14 кола, по што ќе се играат нокаут фазите, се до завршниот турнир, што ќе биде на програмата на 30 и 31 мај 2020 година.

Сите екипи што ќе бидат дел од Лигата на шампионите во следната сезона ќе бидат познати на 25 јуни, додека ждрепката за квалификациските турнири, доколку ги има, како и за групната фаза ќе се одржи на 27 јуни. Вардар повторно ќе биде дел од посилниот сегмент, односно А и Б групите.