Познати “шеширите” за ждрепката за ракометниот турнир на ЛОИ

Откако завршија квалификациите за ЛОИ во поглед на ракометниот турнир од Игрите, познати се “шеширите” од кои ќе бидат формирани групите.

Ждрепката ќе биде одржана на 1 мај а ќе бидат извлечени две групи од по шест тима. Првопласираните четири екипи од двете групи ќе продолжат во четвртфиналето (нокаут фазата).

Rio

Квалификувани тимови:

Нација домаќин: Бразил

Светски првак: Франција

Европски првак: Германија

Африкански првак: Египет

Американски првак: Аргентина

Азиски првак: Катар

Земји со учество здобиено преку квалификации: Словенија, Полска, Данска, Шведска, Тунис, Хрватска.

Шеширите од кои ќе бидат формирани групите:

1: Франција, Полска

2: Словенија, Данска

3: Хрватска, Шведска

4: Тунис, Бразил

5: Германија, Катар

6: Аргентина, Египет