Познати составите: „Фармацевтите“ со тројца голмани против Берн

Тимот на Еурофарм Работник денеска ќе го одигра првиот натпревар од третото квалификациско коло во ЕХФ Купот против швајцарскиот Берн Мури, а ова ќе биде втор европски излез за македонскиот претставник.

Познати се составите на двата тима за денешната пресметка во спортската сала „Боро Чурлевски“, која ќе стартува од 17:30 часот. Кај Еурофарм ќе недостига Горан Кузманоски, додека во ростерот ќе бидат тројца голмани – Чаневски, Ивановски, Трајкоски, па стратегот Чирковиќ ќе има голем избор.

Ќе судат украинските арбитри Анатолиј Новиков и Валериј Рожков, додека делегатот е од Турција – Ајберк Дилмен. Доколку бидат подобри од Берн во двомечот, битолчани ќе бидат втората македонска екипа со пласманот во групната фаза од ЕХФ Купот по Струмица пред пет сезони.