Познати составите: Македонија со еден дебитант против Исланд (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација денеска го игра четвртиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

По победата над Исланд во Рејкјавик, избраниците на Данило Брестовац, ќе го пречекаат истиот ривал во Скопје во полната „Борис Трајковски“.

Селекторот Данило Брестовац направи две измени во однос на првиот натпревар. На местото на Томи Јагуриновски ќе игра Мартин Серафимов, додека Димитар Димитриоски ќе дебитира за националниот тим и се најде во ростерот наместо Бојан Маџовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра вечерва со почеток во 20:00 часот.