Познати составите: Македонија со двајца дебитанти против Исланд (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра дуелот од третото коло во квалификациите за Европското првенство следната година.

Противник на момците на Данило Брестовац ќе биде селекцијата на Исланд, стариот познаник, на кој досега не сме успеале да му откраднеме ниту еден бод на гости во Рејкјавик.

По техничкиот состанок утринава, познати се составите на двете репрезентации во пресрет на вечерашниот натпревар.

Нашиот состав беше познат уште пред патувањето за исландската престолнина, па Македонија вечерва ќе се спротистави со двајца дебитанти, Јагуриновски и Маџовски.

Натпреварот се игра со почеток во 21:45 часот.