Познати составите: Еурофарм Работник со Чурлевски против Татабања (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе ја завршат одисејата во Купот на ЕХФ со последниот натпревар на гостинските терен против Татабања.

Битолчани ќе бидат ослабени за неиграњето на искусниот Михаил Петровски, а во Унгарија не отпатува ниту Горан Крстевски.

Стратегот Стевче Алушовски ќе може да смета на плејмејкерот Филип Чурлевски, кој се враќа во екипата по подолго време.

Натпреварот со Татабања се игра со почеток во 15:00 часот во „Ауди Арена“ во Ѓер.