ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм против Савехоф со истите 16 од средбата со Спортинг (ФОТО)

Стратегот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски, не направи ниту една измена во составот пред вториот натпревар од Лигата на шампионите во споредба со дебито во елитната конкуренција против Спортинг Лисабон.

Против шведскиот Савехоф ќе настапат истите 16 ракометари, што беа дел од натпреварот против португалскиот тим.

Натпреварот меѓу Савехоф, најмладата екипа во Лигата на шампионите, и Еурофарм Работник се игра во „Партиле Арена“ со почеток во 19:00 часот.