Познати сите учесници на ЕП2016: Црна Гора со пораз патува на ЕП во Полска!

Селекцијата на Црна Гора покрај поразот во Исланд од 34-22 ќе настапува на ЕП во Полска како најдобропласирана од селекциите кои завршија на третите позиции во групите.

Црногорците квалификациите ги завршија како третопласирани во својата група, а според правилата на ЕХФ, пласман на Европското првенство во Полска 2016 обезбедува и најдобрата репрезентација од седумте третопласирани репрезентации. Таа среќа ја имаше Црна Гора, додека селекцијата на БиХ пропушти голема шанса откако не успеа да се избори за нерешен резултат против Данска.

За ЕП во Полска место обезбедија: Македонија, Хрватска, Полска,  Белорусија, Норвешка, Данска, Словенија, Шведска, Исланд, Црна Гора, Шпанија, Германија, Србија, Унгарија, Русија и Франција.

Резултати

Германија  – Австрија 31:29 (14:13)

Русија – Португалија 35:33 (15:16)

Белорусија – Литванија 31:24 (15:10)

Шведска – Словачка  27:22 (16:10)

Србија – Израел 32:23 (19:12)

Данска – БиХ 26:25 (13:14)