Познати саатниците за „Струга 2017“: Шарт ја почнува одбраната на титулата против домаќинот

На отвореното ракометно игралиште „Женска плажа“ во Струга, годинава од 12 до 15 август, по 45 пат ќе се одржи традиционалниот интернационален турнир. Како и лани, исто и годинава учество ќе земат три странски и три македонски екипи.

По извлекувањето на групите за турнирот, веќе е почната и саатницата за сите натпревари, кои и ова лето ќе привлечат многу публика на брегот на Охридското езеро. Ќе се одиграат по три натпревари во групите, секој со секого, а на финалниот ден ќе се играат дуелите за пласман и финалето.

Распоред на натпрвари, Струга 2017:

12 август
18:45 Свечено отворање
19:30 Шарт – Струга
21:15 Бешикташ – Алингсас

13 август
19:00 Бешикташ – Охрид
20:45 Металург – Шарт

14 август
19:00 Металург – Струга
20:45 Алингсас – Охрид

15 август
18:00 меч за петто место 
19:45 меч за трето место
21:30 финале