Познати репрезентациите кои обезбедија пласман на СП во Данска

Вчера завршија квалификациите за пласман на СП во Данска (2015). Место меѓу најдобрите обезбедија Франција, Русија, Романија, Холандија, Полска, Црна Гора, Унгарија, Шпанија и селекцијата на Шведска.

Во Астрахан, Русија успеа да дојде во втора победа против Германија во еден исклучително тесен натпревар кој заврши со погодок разлика. Бекот на Динамо – Ана Кочетова повторно изигра клучна улога во рускиот состав и заслужено ја одведе Русија на првенството во Данска.

Франција на гостински терен беше подобра од Словенија 27-21, додека Црна Гора ремизираше со Исланд но огромната разлика од првиот натпревар беше доволна за составот на Драган Аџиќ да обезбеди место на финалниот турнир во Данска.

Амандин Лејно, Сираба Дембеле, Олга Черноиваненко, Андреа Кликовац и Јованка Радичевиќ се ракометарките на ЖРК Вардар кои со своите селекции се пласираа на СП во Данска.

Резултати 

Реванш натпревари

Словенија – Франција 21:27 (10:14)

Русија – Германија 27:26 (13:10)

Романија – Србија 24:28 (12:11)

Холандија – Чешка 25:23 (11:10)

Полска – Украина 30:22 (17:9)

Исланд – Црна Гора 19:19 (10:11)

Унгарија – Австрија 41:24 (17:10)

Словачка – Шпанија 20:20 (9:12)

Шведска – Хрватска 27:21 (14:9)

Прв натпревар

Франција – Словенија 27:20 (15:11)

Германија – Русија 20:22 (8:10)

Србија – Романија 26:32 (13:17)

Холандија – Чешка 33:23 (15:16)

Украина – Полска 18:24 (8:14)

Црна Гора – Исланд 28:19 (12:12)

Австрија – Унгарија 20:33 (11:19)

Шпанија – Словачка 25:19 (13:11)

Хрватска – Шведска 23:24 ( 11:8)

Топ стрелци во квалификациите

1. Ана Кочетова 18 голови

2. Неагу Кристина 18 голови

3. Катарина Булатовиќ 16 голови

Најдобра репрезентација во квалификациите е Унгарија со 74 погодоци на два натпревари. Изненадувања приредија  Словачка и Исланд со нерешените резултати против Шпанија односно Црна Гора.