Познати противниците за СП – повторно против Тунис!

Попладнево во Франција беше одржана ждрепката за претстојното СП во јануари 2017 година. Ждребот ни овозможи можност за реванш против Тунис, кој ја запечати нашата судбина на квалификациите за ракометниот турнир на Рио 2016.

Освен со Тунижаните, во нашата група Б, нашите сили ќе ги одмериме и со еден од фаворитите за освојување на насловот светски првак, Шпанија, откако Франција како домаќин и бранител на трофејот, го искористи правото да ја одбере својата група и ја избра групата А. Останатите екипи во групата се Словенија на Веселин Вујовиќ, Исланд и Ангола.

Ова се комплетните групи за претстојното СП:

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка

Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола

Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија

Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина