Познати клубовите, натпреварите и распоредот за турнирот во Букурешт

Од 21 до 24 август во Романија ќе се одржи голем ракометен турнир под името ,, Букурешт Трофеј” . Учесници на овој турнир се ЦСМ Букурешт од Романија,  РК Будуќност од Црна Гора, Ростов Дон од Русија, Муратпаша од Турција, Битингхајм од Германија, и втората руска екипа Астраханочка од Астрахан.

Распоредот на натпреварите

handball trofej

Група А : РК Будуќност,  Битингхајм, Ростов Дон.

Група Б:  ЦСМ Букурешт, Астраханочка, Муратпаша.

Во дресот на Муратпаша ќе настапат и двете репрезентативки на Македонија, Душица Ѓоргиевска и Зорица Десподовска.

Натпреварите ќе се играат во Букурешт, во спортската сала Поливалента .