Познати групите од квалификациските турнири во Лигата на шампионите

Ждрепката во седиштето на ЕХФ во Виена им ја додели организацијата на квалификациските турнири од Лигата на шампионите на Татран Прешов и Брегенц. Овие две екипи по случаен избор беа избрани како домаќини на турнирите кои ќе го комплетираат елитното друштво. Натпреварите ќе се одиграат на 3 и 4 септември 2016.

Ждрепката ја водеше генералниот секретар на ЕХФ Михаел Видерер, по која се познати полуфиналните парови од квалификациските турнири.

Во група 1, домаќинот Татран Прешов ќе игра против луксембуршкиот шампион Ред Бојс Диферданг, додека Горење Велење ќе се сочи со дебитантот Кокс од Финска.

Во група 2, домаќинот Брегенц ќе го пречека белгискиот претставник Ахил Бохолт, додека последниот финалист ќе биде познат по дуелот меѓу Макаби Тел-Авив и португалскиот претставник АБЦ Порто.