Позната четворката што ќе брка трофеј во Купот на Македонија

Овој викенд се комплетираше списокот на учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија во машка конкуренција. Најлесна задача имаше Еурофарм Работник, кој славеше две убедливи победи над Охрид и Вардар Јуниор во Битола.

Втор учесник е Металург, кој по лесната и убедлива победа над прволигашот Јуниор Кисела Вода, се помачи против Пролет, но обезбеди место на Ф4. За првпат во клупската историја, новиот суперлигаш Бутел Скопје ќе биде во друштвото на најдобрите, по двете убедливи изданија против Пелистер и прволигашот Тиквеш.

Последниот учесник е бранителот на титулата, Вардар, кој со половичен состав славеше на двете пресметки против Прилеп и Струга. Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одржи на 11 и 12 мај, додека местото и полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати.