Позната судбината на Гаранина

По месец дена руската ракометна федерација излезе во јавноста со одлука за младиот централен бек на Лада – Верноика Гранина.
Имено комисијата на ракометната федерација на Русија одлучи да и даде право на Гаранина да настапува за екипата на Лада и таа веќе во петото коло од домашното првенство ќе се најде во составот на нејзината екипа.

Договорот кој што Гаранина го потпишала со Астраханочка се смета како неважечки поради тоа што на него нема датум на кој што се однeсува договорот, направени се измени по потпишување на истиот за кој играчот нема сознание и како трета причина се наведува тоа дека таа има важечки договор со екипата на Лада.

Ова се добри вести за тимот на Акопјан како и за младата и талентирана ракометарка на која дури и се закануваше и дисквалификација.