Позната сатницата за натпреварите од СЕХА завршницата

СЕХА лигата својата завршница ја има на крај на месец март, а домаќинот Веспрем Арена веќе ги распродаде сите карти за настанот. Десет дена пред почетокот на Фајнл Фор обелоденети беа точните термини на одигрување. Така единствениот македонски претставник РК Вардар Скопје во полуфиналето ќе одигра натпревар со победникот од дуелот меѓу Мешков и Нексе на 27 март во 17:45, додека финалниот натпревар е закажан за недела (29 март) во 18:00.


Распоредот на натпреварите за завршниот турнир во Веспрем е даден подолу:


25 март (среда)
Натпревар 1: Мешков – Нексе (17:45 ч.)
Натпревар 2: ППД Загреб – Татран (20:15 ч.)

ПОЛУФИНАЛЕ -27 март (петок)
Вардар – победник од меч 1 (17:45 ч.)
Веспрем – победник од меч 2 (20:15 ч.)

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ -29 март(недела)
НАтпревар за трето место (15:30 ч.)
Финале (18:00 ч.)