Позната саатницата за интернационалниот турнир „Струга 2016“

На десет дена до започнување на 44-тиот интернационален ракометен турнир „Струга 2016“ познати се термините за одигрување на сите натпревари. Како и досега домаќин на ракометните натпревари ќе биде спортскиот терен на „Женската плажа“ во Струга, а веќе традиционалното свечено отворање ќе започне на 17.08.2016 во 19:30. Оваа година на турнирот ќе учествуваат шест екипи: Алингсас (Шведска), Шартр (Франција), Стеауа (Романија), Ал Шабаб (ОАЕ), Африкан (Тунис) и македонскиот вицепрвак Металург.

Според официјалната програма на турнирот во среда ќе биде првиот натпреварувачки ден, а дуелите тој ден се закажани за 20:15 и 21:45. Во останатите натпреварувачки денови дуелите ќе започнуваат од 19:30 и 20:45. На финалниот ден (недела 20.08), натпреварите за пласман започнуваат од 18:00, а финалето ќе започне во 21:15.

17.08.2016

19:30 Церемонија на свеченото отворање

20:15 Алингсас -Шартр

21:45 Металург-Стеауа

18.08.2016

19:00 Шартр-Африкан Клуб

20:45 Металург- Ал Шабаб

19.08.2016

19:00 Стеауа- Ал Шабаб

20:45 Алингсас- Африкан Клуб

20.08.2016

18:00 Натпревар за 5-та позиција

19:45 Натпревар за 3-та позција

21:45 Финале