Пожар во хотелот на германскиот национален тим

Германскиот национален тим денеска на пладне доживеа вистински шок. Поради пожар во хотелот во кој се сместени, тие заедно со останатите гости мораа да бидат евакуирани од местото на настанот. Но сепак подоцна на сите им било објаснето дека тоа бил само тест алармот, и обична вежба за такви ситуации.

“Противпожарната служба само сакаше да направи еден тест како би функционирало се доколку се случи такво нешто. Тие пристигнаа со возила за спасување и комплетната опрема која се користи во такви случаи” – изјави претседателот на Германската Ракометна Федерација, Тим Оливие Кале.

Германскиот национален тим во моментов е во Хајлброн, на првиот тренинг камп кој го организира новиот тренер Дагур Сигурдсон. Во текот на викендот Германците ќе одиграат два тест натпревари против селекцијата на Швајцарија.