Подравка убедливо на стартот од хрватското првенство

Хрватскиот вицешампион, РК Подравка Вегета во првото коло имаше лесна задача, која ја потврди со висока победа. На домашен терен ја совлада убедливо Далматинка и ги запиша првите бодови во новата  сезона. Натпреварот заврши со високи 39 : 18 ( 17 – 10) за екипата од Копривница.  Најефикасна во редовите на Подравка беше Кристина Елез со шест голови, кај Далматинка Андреа Клариќ со осум голови ја предводеше листата на стрелците. Во среда ( 17. 09.2014) тимот на Подравка гостува во Самобор, а потоа заминува во Крагуевац поради квалификацискиот турнир во Лига на шампионите.

Подравка во квалификациската група 2 за противник го има норвешкиот вицешампион, Бјасен.

Прво коло – резултати

Локомотива Загреб – Самобор 39 : 24 ( 17 – 10)

Трешњевка – Сплит 31 : 23 ( 16 – 10)

Осијек – ЖРК Бјеловар 37 : 25 ( 18 – 16)

Умаг – Агропротеинка 15 : 28 ( 6 – 15)

Желина – Замет 22 : 26 ( 9 – 13)

Подравка Вегета – Далматинка 39 : 18 ( 17 – 10)